• недела, 19 мај 2024

Демир Капија доби три милиони денари за реконструкција на општинскиот музеј 

Демир Капија доби три милиони денари за реконструкција на општинскиот музеј 

 Демир Капија, 1 февруари 2024 (МИА) - Општина Демир Капија доби финансиска поддршка во износ од три милиони денари за реконструкција на општинскиот музеј, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник, Лазар Петров. 

Тој рече дека денеска во свечената сала на Владата се потпишале договорите за користење капитални дотации за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година.

- Општина Демир Капија доби финансиска поддршка во износ од 3.000.000 денари за реконструкција на општинскиот музеј. Средствата ќе бидат наменети за  подобрување на условите за работа на музејот, односно ќе се изврши промена на кровната конструкција на објектот, подобрување на енергетската ефикасност со поставување на нова фасада како и набавка на топлинска пумпа, соопшти Петров. 

Тој нагласи дека со реализацијата на овој проект, ќе се модернизира објектот и ќе се подобрат условите за креативност, зачувување и негување на културното наследство во општината. свд/ар/


Фото: Општина Демир Капија 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан