• сабота, 22 февруари 2025

Делови од Ѓорче Петров, Сарај и Зелениково без струја

Делови од Ѓорче Петров, Сарај и Зелениково без струја

Скопје, 23 јануари 2025 (МИА) - Без струја денеска од 9:00 до 14:00 часот ќе останат дел од жителите од скопското село Кондово. 

Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Стоби“, „Пробиштипска“, „Мице Козар“ и „Социјалистичка зора“ во Општина Ѓорче Петров.

Без струја од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од селата Пакошево и Ново Село во Општина Зелениково.

Како што соопшти РЦУК - Скопје,  прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа. мд/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан