• четврток, 12 јуни 2025

Започна целосна реконструкција на делница на Раштански пат во Велес 

Започна целосна реконструкција на делница на Раштански пат во Велес 

Велес, 10 јуни 2025  (МИА) - Општина Велес информира дека од денеска започнува целосна длабинска реконструкција на делницата на Раштански пат, од потегот од Металната индустрија „Брако“, до преминот на железничката пруга Велес - Битола, кај поранешната фабрика „Киро Ќучук“, во должина од 800 метри.

Раштански пат, како што информираат од општина Велес, е многу важен затоа што води кон населбата Керамидна како и до околните села Раштани, Бузалково и уште неколку, како и до новите Градски Гробишта кај Раштани. Патот е многу фрекфентен бидејќи поврзува многу села и населби во Општина Велес, а освен автомобили по него секојдневно сообраќа и тешка механизација и товарни возила. ад/аа/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан