Хибридна сушара за еколошко сушење земјоделски производи инсталирана во Неготино
- Во рамки на регионалниот проект InnoHub, во „Ековита“ е поставена хибридна сушара – напредно решение што комбинира сончева и електрична енергија за ефикасно, еколошко и економично сушење на земјоделски производи, информираа вечерва од ова еколошко здружение.
Неготино, 10 јуни 2025 (МИА) - Хибридна сушара за еколошко сушење земјоделски производи, е инсталирана во рамките на проект на регионалното Здружение на граѓани „Ековита“, што долги години се занимава со заштита на животната средина.
- Во рамки на регионалниот проект InnoHub, во „Ековита“ е поставена хибридна сушара – напредно решение што комбинира сончева и електрична енергија за ефикасно, еколошко и економично сушење на земјоделски производи, информираа вечерва од ова еколошко здружение.

Оттаму подвлекоа дека овој чекор претставува силен придонес кон зголемување на квалитетот и безбедноста на храната, намалување на енергетските трошоци и поддршка за одржливо земјоделство во руралните средини.
- Проектот е жив доказ за тоа како иновациите можат да го трансформираат земјоделството – создавајќи почиста иднина и посилна локална економија, нагласија од здружението. свд/аа/
Фото: „Ековита“