Срна што била удрена на пат, по два месеца грижа пуштена во природа
- - Од страна на ловно друштво „Вардар“ Неготино беше пријавена срна што била удрена на пат. Јас имам заградено два декара багрем. Срната беше со скршена плешка и посветив внимание, се грижев за неа, ја хранев околу два месеца. Плешката и заздрави со тек на времето и денес од страна на ловното друштво „Вардар“ Неготино беше земена и вратена во природа, рече за МИА, Стојан Ристов (ѕуфе) од селото Тремник.
Неготино, 10 јуни 2025 (МИА) - Срна што била удрена на пат, по два месеца грижа, денеска беше пуштена во природа, од страна на ловно друштво „Вардар“ од Неготино.
- Од страна на ловно друштво „Вардар“ Неготино беше пријавена срна што била удрена на пат. Јас имам заградено два декара багрем. Срната беше со скршена плешка и посветив внимание, се грижев за неа, ја хранев околу два месеца. Плешката и заздрави со тек на времето и денес од страна на ловното друштво „Вардар“ Неготино беше земена и вратена во природа, рече за МИА, Стојан Ристов (ѕуфе) од селото Тремник. свд/аа/
Фото: ЛД „Вардар“