• понеделник, 23 декември 2024

Делегации се поклонија пред спомен релјефот на Гоце Делчев во штипско Ново Село, каде што учителствувал

Делегации се поклонија пред спомен релјефот на Гоце Делчев во штипско Ново Село, каде што учителствувал

Штип, 4 февруари 2024 (МИА) - Штип денеска одбележа 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делегации од Општина Штип, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, претставници на државни и локални институции, политички партии и од Општинската организација на Сојузот на борци-Штип денеска во штипско Ново Село пред спомен релјефот на големиот великан Гоце Делчев положија цвеќе.

Спомен релјефот на Гоце Делчев се наоѓа  на зградата каде што тој учествувал, а сега е зграда на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип.

Пригодна реч за Делчев одржа Зоран Митев историчар и воедно директор на Општинското основно училиште (ООУ) „Гоце Делчев“-Штип.

Тој посочи дека  Делчев есента 1894 година добил учителско место во штипско Ново Село, каде што веќе работел револуционерот Даме Груев, а во Штип веднаш почнал со активностите на Внатрешната револуционерна организација и активно се вклучил во проширувањето на организацијата. Во зградата на ректоратот на УГД-Штип се наоѓа спомен собата на Гоце Делчев во којашто се зачувани оригиналните клупи кога тој учителствувал, изложени се и свидетелствата, кој тој ги потпишал на учениците од штипско Ново Село. вдј/

Фото: МИА 

Остани поврзан