• недела, 21 јули 2024

Двајца загинати и 26 повредени во експлозија на гас во ресторан во Кина

Двајца загинати и 26 повредени во експлозија на гас во ресторан во Кина

Пекинг, 13 март 2024 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а 26 се повредени денеска во силна експлозија во ресторан во кинеската област Санхе, објавија државните медиуми.

Се претпоставува дека причина за експлозијата е истекување на гас.

Експлозијата се случила околу 8 часот по локално време кога многу луѓе оделе на работа, објави CCTV.

Како што се додава, експлозијата била „во стара станбена зона“, во областа Санхе. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан