• петок, 26 април 2024

Далиќ останува хрватски селектор до 2026

Далиќ останува хрватски селектор до 2026

Загреб, 18 март 2023 (МИА) – Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, останува на должноста до завршување на циклусот кој го вклучува Светското првенство 2026, откако денеска потпиша нов долгогодишен договор.

Претседателот на Хрватската фудбалска федерација Маријан Кустиќ изрази задоволство од продолжувањето на соработката со, како што го нарече, „најуспешниот хрватски селектор“.

„Златко Далиќ ги исполни апсолутно сите цели кои пред него беа поставени во овие пет и пол години, а притоа на светските првенства во Русија и Катар оствари две големи достигнувања и ја предводеше Хрватска до сребрениот и бронзениот медал, со што стана нашиот најуспешен селектор во историјата“, рече Кустиќ.

Далиќ седна на селекторската клупа на Хрватска на крајот на 2017 година на местото на Анте Чачиќ. ег/паг/

ФОТО: Твитер

Остани поврзан