Ембид ќе пропушти уште еден натпревар против Денвер
- Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид ќе „прескокне“ уште еден натпревар против Денвер
Денвер, 17.март 2026 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид ќе „прескокне“ уште еден натпревар против Денвер. Тој нема да биде на теренот на ноќешниот натпревар поради повреда. Последен пат против Денвер има играно во 2019 година.
За Ембид ова ќе биде 10.ти натпревар кој го пропушта поради повредата. Центарот на Филаделфија го нема во составот цел месец (март), а сезонава има просек од 26,6 поени на 33 натпревари.
Воедно неговата екипа Филаделфија се бори за место во плеј офот на Источната конференција и во моментов е на деветтото место ан табелата со скор 37-31 (победи-порази). мн/
Фото: ЕПА