Флик ги изненади сите на прес конференцијата пред дуелот со Њукасл
- Реваншот од осминафиналето меѓу Барселона и Њукасл привлекува најмногу внимание од утрешните дуели од Лигата на шампионите
Барселона, 17. март 2026 (МИА) – Реваншот од осминафиналето меѓу Барселона и Њукасл привлекува најмногу внимание од утрешните дуели од Лигата на шампионите. Дополнително тренерот на Барселона Ханси Флик со својата изјава на прес конференцијата го привлече вниманието.
- Среќен сум тука и мислам дека не е време да зборуваме за продолжување на договорот особено што имаме важен натпревар. Воопшто не размислува за заминување во некој друг клуб. Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување и сите сакаат да играат во него и мораме да одиграме перфектен натпревар бидејќи тие (Њукасл) се навистина добри. Мислам дека ова ќе биде мојот последен клуб и последна работа и среќен сум поради тоа, изјави германскиот стручњак.
Флик има договор со Барселона до летото во 2027 година.
Натпреварот Барселона – Њукасл се игра утре (среда) со почеток во 18:45 часот, а првиот дуел заврши без победник 1:1. мн/
Фото: ЕПА