• четврток, 21 ноември 2024

Гутереш: Израел мора сам да ги задоволи потребите на палестинските бегалци по забраната на УНРВА

Гутереш: Израел мора сам да ги задоволи потребите на палестинските бегалци по забраната на УНРВА

Њујорк, 30 октомври 2024 (МИА) – Според Организацијата на Обединетите нации, доколку Израел ги примени новите закони со кои се прекинуваат врските со агенцијата на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) , израелската Влада ќе мора да ги задоволи нивните потреби согласно меѓународното право.

-  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека ОН немаат друга алтернативна агенција. Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци беше од витално значење за време на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа, и новите израелски закони „ќе имаат опустошителен ефект врз хуманитарната ситуација“ во палестинските територии, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дуџарик.

Организациите на ОН за деца, здравство и миграција истакнаа дека агенцијата е клучна за нивните активности во Газа, каде луѓето се потпираат на итна помош за храна за време на повеќе од едногодишната војна, која остави голем дел од појасот Газа во урнатини.

ОН се надева на поддршката на земјите-членки за Агенцијата за палестинските бегалци, додаде Дуџарик. - Ќе бидеме многу благодарни за напорите на секоја држава која може да помогне, додаде тој.

Израел тврди дека дел од 13.000 вработени во агенцијата во Газа учествувале во нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година, што ја поттикна војната. Израелските власти истакнуваат дека стотици вработени имаат врски со екстремистите, а израелските сили откриле оружје во и под објектите на агенцијата.

Два нови израелски закони би можеле да ја попречат работата на агенцијата, а дури и САД, најблизок сојузник на Израел, застанаа против нив.

Како окупациска сила, според меѓународното хуманитарно право, Израел е должен да ги задоволува потребите на Палестинците, вклучувајќи храна, здравство и образование. Ако Израел не може да ги исполни овие обврски, мора да овозможи и поддржи активности на ОН за да ги исполни потребите на населението. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан