Гундоган сака да игра со Сити во финалето во Лигата на шампионите
- Фудбалерот на Барселона, Илкај Гундоган изјави дека би сакал да се сретне со својот поранешен тим Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите.

Барселона, 6 април 2024 (МИА) - Фудбалерот на Барселона, Илкај Гундоган изјави дека би сакал да се сретне со својот поранешен тим Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите.
-Дефинитивно би сакал да играм во натпреварот за трофејот со Барселона. Би било одлично, но всушност, не е важно кој е противникот. Сити има фантастичен состав, се разбира. Но, во Лигата на шампионите секогаш е комплицирано, изјави Илкај Гундоган.
Барселона во четвртфиналето на најпрестижниот европски клупски турнир годинава ќе игра против Пари Сен Жермен, додека Манчестер Сити ќе се соочи со уште еден шпански гигант - Реал Мадрид.дс
Фото: Архива