• петок, 05 декември 2025

Порази на Ивановски и Стоилковска

Порази на Ивановски и Стоилковска

 

Ројан/Куршумлијска Бања, 18 јуни 2025 (МИА) – Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во француски Ројан.

Македонскиот тенисер попладнево во дуелот од второто коло загуби од петтиот носител Димитар Кузманов од Бугарија со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-3) по два часа и 25 минути игра.

Ивановски за настапот во второто коло на Челинџерот во Ројан ќе освои четири поени, а следната недела го очекува на настап на ИТФ турнирот во Загреб.

Елиминација доживеа и македонската тенисерка Магдалена Стоилковска, која во првото коло на фјучерсот во Куршимлијска Бања, загуби од четвртата носителка Лидија Енчева од Бугарија со 2-0 во сетови (6-1, 6-3).ег

ФОТО: МТФ

Остани поврзан