• вторник, 23 јули 2024

Грилиш може да се пресели во Ливерпул

Грилиш може да се пресели во Ливерпул
Лондон, 18 декември 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, може да ја продолжи кариерата во друг клуб, објави „Дејли експрес“. Според британскиот медиум, за 25-годишниот Англичанец е заинтересиран Ливерпул и трансферот може да се реализира во текот на зимскиот преоден рок. Грилиш оваа сезона одигра 12 натпревари за Астон Вила, постигнувајќи шест гола и пет  асистенции. зс/

Остани поврзан