• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алкараз ќе игра на турнирот во Доха

Алкараз ќе игра на турнирот во Доха

Доха, 23 декември 2024 (МИА) - Третиот светски рекет Карлос Алкараз во 2025 година за прв пат ќе игра на турнир во Доха, Катар. 

Од следната сезона овој турнир ќе биде класифициран како АТП 500 турнир.

Претходно своето учество во Доха го потврдија: Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев, Андреј Рублев, Алекс де Минаур и Григор Димитров.

Турнирот ќе започне на 17 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан