Постекоглу отпуштен од функцијата менаџер на Тотенхем
- Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, денеска бил отпуштен од својата позиција. Веста ја објавија британските медиуми. 59-годишниот стручњак ги напушта Спарс по две сезони на чело, од кои во втората го освои трофејот од Лигата на Европа. Ова беше прва титула за тимот од Лондон од 2008 година, кога тимот го освои Лига купот.
Лондон, 6 јуни 2025 (МИА) - Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, денеска бил отпуштен од својата позиција. Веста ја објавија британските медиуми. 59-годишниот стручњак ги напушта Спарс по две сезони на чело, од кои во втората го освои трофејот од Лигата на Европа. Ова беше прва титула за тимот од Лондон од 2008 година, кога тимот го освои Лига купот.
Победата од 1-0 над Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на Европа му обезбеди на Тотенхем место во Лигата на шампионите, но незадоволителната игра во Премиер лигата го наведе сопственикот Даниел Леви да го отпушти Австралијанецот.
Тотенхем ја заврши сезоната на 17-то место во англиското првенство, веднаш над зоната за испаѓање. Тимот собра само 38 бода во 38 натпревари, запиша 22 порази, што е рекорд за тимот, и прими 65 гола.
Моментално нема информации кој ќе го наследи Постекоглу, откако неговиот помошник Рајан Мејсон исто така го напушти клубот пред неколку дена. дс
Фото: Архива