Џан Пјеро Гасперини е нов тренер на Рома
- Италијанскиот стручњак Џан Пјеро Гасперини е нов тренер на Рома, објави денес римскиот клуб.
Рим, 6 јуни 2025 (МИА) - Италијанскиот стручњак Џан Пјеро Гасперини е нов тренер на Рома, објави денес римскиот клуб.
Како што беше објавено, Гасперини (67) потпиша договор со челниците на „волчицата“ до јуни 2028 година.
-Рома го објавува назначувањето на Гасперини за нов главен тренер на клубот. Кариерата на Гасперини беше дефинирана со креативни тактики, посветеност на напорна работа и исклучителен развој на играчите. Сите во клубот веруваат дека Гасперини е вистинскиот човек за оваа мисија, се вели во соопштението на клубот. дс
Фото: Архива