• недела, 21 јули 2024

Град Скопје: Завршен проектот за изградба на улица „4“ во Криви Дол

Град Скопје: Завршен проектот за изградба на улица „4“ во Криви Дол

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Град Скопје го заврши проектот за изградба на новопроектираната улица „4“ во населеното место Криви Дол, општина Карпош. Изградбата на улиците „1“ и „4“ произлезе од потребата, ова населено место ефикасно и безбедно да се поврзе со новиот кружен тек меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“, информираат попладнево од Одделението за односи со јавност при Град Скопје.

- Со изградбата на новопроектираната улица во ова населено место, се обезбедува промена на постојниот сообраќаен режим и обезбедување сигурност за сите учесници во сообраќајот, а за жителите се овозможува сигурен и безбеден пристап до нивните домови. Со оневозможувањето на движење на моторните возила по пешачката и вело-патека и диво приклучување на булеварот, се превенира загрозување на безбедноста на пешаците и велосипедистите и се овозможува нивно сигурно движење, се нагласува во денешното соопштение. бд/дма/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан