• понеделник, 13 мај 2024

Градоначалникот Костадинов на првороденото бебе му врачи штедна книшка со 40 илјади денари

Градоначалникот Костадинов на првороденото бебе му врачи штедна книшка со 40 илјади денари

Струмица, 2 јануари 2024 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска го посети првороденото бебе во Струмица и неговата мајка Љубинка Терзиева, која вчера во 01:10 часот на свет донесе машко бебе и им врачи пригодни подароци и штедна книшка со 40 илјади денари.

- Кога новороденчето е здраво и живо, кога мајката е бескрајно среќна поради својата втора рожба, а медицинскиот персонал од Одделението за гинекологија и акушерство презадоволен од својот професионален ангажман, тогаш на градоначалникот не му преостанува ништо друго освен да биде насмеан од радост и исполнет со позитивни емоции. Радувајте му се драги мои струмичанки и струмичани на нашиот нов сограѓанин. Нека „повлече нога“ првото струмичко новороденче во 2024 година и новиот член на семејството Терзиеви, за да се раѓаат уште многу, многу машки и женски здрави и убави деца во преубавата ни Општина Струмица, објави струмичкиот градоначалник.

Инаку, Општина Струмица на родителите на секое новороденче им дава по 6 илјади денари еднократнa помош. рт/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан