• петок, 26 април 2024

Германскиот извоз во Иран значајно зголемен од почетокот на годината

Германскиот извоз во Иран значајно зголемен од почетокот на годината

Берлин, 18 април 2024 (МИА) - Извозот на Германија во Иран значително се зголеми на почетокот на годината, оздразувајќи го опоравувањето на размената во однос на ниската споредбена основа во 2023 година под влијание на построги санкции кон Техеран, објави денеска германскиот Заводот за статистика (Дестатис).

Во јануари и февруари извозот на германска стока во Иран е зголемен за 22 отсто во однос на истиот период лани, на 241 милион евра. Увозот, пак, е намален за 13 отсто, на 41,2 милиони евра.

Германија на почетокот на годината извезуваше главно машини и хемиски и фармацевтски производи во Иран. Во увозот доминираа прехранбените производи, главно ф'стаци и текстилните производи, меѓу кои и теписи. Во првите два месеци од годинава, Иран се најде на 64-то место на листата на германски извозни дестинации, зад Колумбија и пред Северна Македонија. Уште поскромниот обем на размена го покажува 91-то место на Иран во рангирањето на добавувачи.

Минатата година германскиот извоз во Иран е намален за 24,2 отсто, а увозот за 18 отсто, наведува Дестатис. Размената пропадна во 2018 година бидејќи САД се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и воведоа нови санкции кон Техеран, потсетува Заводот за статистика. Во јули 2023 година, санкциите беа заострени поради поддршката на Иран за руската инвазија на Украина, додаваат статистичарите. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан