• петок, 26 април 2024

Германското МНР го повика рускиот амбасадор по апсењето на две лица под сомнение за саботажа во корист на Русија

Германското МНР го повика рускиот амбасадор по апсењето на две лица под сомнение за саботажа во корист на Русија

Берлин, 18 април 2024 (МИА) - Германското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор откако претходно денеска беа уапсени две лица со двојно германско и руско државјанство под сомнение дека подготвувале саботажа, вклучително и против американските воени објекти, за да ја блокираат воената поддршка за Украина, јавија агенциите повикувајќи се на весникот „Билд“.

Претходно денеска властите извршија претрес во домовите и работните места на двајцата осомничени, кои се обвинети дека работеле за руските тајни служби.

Германските обвинители соопштија дека еден од осомничените, идентификуван од властите како Дитер С., разговарал за наводни заговори со лице поврзано со руското разузнавање од октомври 2023 година. Дитер С. бил подготвен да изврши бомбашки напади и палење на воени објекти, вклучително и оние што ги користеле американските сили, а исто така снимал воен транспорт и опрема, соопшти обвинителството. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан