• среда, 01 мај 2024

Герасимовски: „Ленинова“ по реконструкцијата е модерна, урбана и зелена улица

Герасимовски: „Ленинова“ по реконструкцијата е модерна, урбана и зелена улица

Скопје, 31 август 2023 ( МИА) - Општина Центар денеска  официјално ја промовира една од главните сообраќајници во општината. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека „Ленинова“ по реконструкцијата доби европски лик.

-Во изминатиот период на „Ленинова“ се работеше на поставување на атмосферска, водоводната и фекалната канализација, подземно се спушти кабловската мрежа и се отстранија старите дрвени бандери, со што се ослободија дел од тротоарите тротоарите. На улицата се поставени паркинзи за велосипеди, се обележаа велосипедски патеки од двете страни на улицата, се оформија и паркинзи за резидентните станари. Улицата Ленинова“ е една од главните артерии во општината и, мило ми е што по оваа реконструкција граѓаните кои живеат овде, но и посетителите ќе имаат убаво уредена и современа улица. Со поставувањето на завршниот слој асфалт, новите канделабри и урбаната опрема улица „Ленинова“ го доби и финалниот лик - налик на  европските улици, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Покрај новата урбана опрема на улицата, оформено е и зеленилото со закројување на крошните од дрвјата, кои го попречуваа видикот и ги оштетуваа фасадите на станбените згради. љм/са/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан