• среда, 05 март 2025

Герасимовски: И годинава организираме еднодневна екскурзија за нашите пензионери  

Герасимовски: И годинава организираме еднодневна екскурзија за нашите пензионери  

Скопје, 5 март 2025 

Градоначалникот Горан Герасимовски на средбата со повозрасните центарци во пензионерскиот клуб „Миле Арсовски“ информираше дека и годинава, општината ќе организира еднодневна екскурзија за пензионерите. 

„Минатата година, заедно со членовите на Здружението на пензионери на Центар, бевме во посета на Крушево и на манастирот „Свети Преображение“, кадешто посадивме багреми. На оваа еднодневна пролетна прошетка си поминавме навистина многу убаво дружејќи се со нашите баби и дедовци коишто не израснале во одговорни индивидуи. На сите средби со нив изминатава година, потенцираат дека повторно сакаат оваа активност да се одржи. Денеска им ветив дека годинава повторно ќе се дружиме и заеднички ќе ја утврдиме локацијата, ќе посетиме познат македонски туристички центар со богата традиција. Општината ќе обезбеди превоз, доручек и убава дружба“, истакнува Герасимовски.

 

Герасимовски потенцира дека организирањето вакви активности има посебно значење за пензионерите, бидејќи социјализацијата игра клучна улога во подобрувањето на нивното психичко и физичко здравје. Дружбата, заедничките прошетки и рекреативните активности ја поттикнуваат позитивната енергија кај повозрасните лица.

Општина Центар преку ваквите иницијативи покажува посветеност кон подобрување на квалитетот на живот на своите највозрасни сограѓани, овозможувајќи им можности за активен и социјално исполнет пензионерски живот. Животот е убав во секоја доба.

 

Општина Центар

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки 

фото: Општина Центар 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан