• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски за Капиштец: Ново зеленило, игралишта, проблемите со паркирање и со бучавата ќе ги решиме

Герасимовски за Капиштец: Ново зеленило, игралишта, проблемите со паркирање и со бучавата ќе ги решиме

23 јуни 2025

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски разговараше со жители на оваа познато центарско маало, меѓу нив и легендата Драган Мијалковски, продуцентот Валентино Скендеровски, чие студио во кое поминаа нашите ѕвезди Тоше Проески, Каролина и многу други е во Капиштец.

Герасимовски отворено говореше и ги ислуша жителите за сите проблеми со кои се соочуваат: паркирањето, гласната музика, бучавата. Тој ги запозна со идните проекти, визии и планови за Капиштец.

Во завршна фаза е ново зеленило, нова урбана опрема, нови детски игралишта.

„Тука имаме мноштво кафулиња кои на нашите соседи некогаш им пречат, но сметам дека тука треба да се избалансираат работите. Заедно со граѓаните почнавме одредени иницијативи, пуштивме неколку дописи до надлежните институции кои што треба да се инволвираат за решавање на проблемот. Нашите инспекциски служби се постојано на терен, се пишуваат енормно високи казни за одредени локали кои што не го почитуваат законот во делот на гласната музика и јас ќе дадам сѐ од себе тој децениски проблем со гласната музика конечно да биде решен”, рече Герасимовски.

Со МВР, посочи, има добра комуникација за решавање на проблемот со брзите и гласни моторџии.

Што се однесува до проблемот со паркирањето и изградбата на втората катна гаража, градоначалникот Герасимовски ги информираше жителите дека е направен проект, одвоени се финансиски средства во буџетот, договорено било со Град Скопје, за жал градот на три пати го закочи проектот, но капацитетите за паркирање набрзо ќе бидат зголемени.

Жителите иницираа обновени енергетски ефикасни фасади.

„Одличен е предлогот, ние сме прва општина која што има регистрирано и отворено претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, а тоа е Енергија центар. Во моментов се поставени фотоволтаични централи на училиштето Киро Глигоров и за брзо ја чекаме лиценцата за истите да бидат пуштени во употреба за да ги почувствуваме благодетите од овој проект. Следен чекор ни е поставување и фотоволтаици на зградите и овозможување на поефтина електрична енергија во заедничките простории. Во делот на фасадите ние како општина сме една од малкуте кои даваме субвенции за лифтови, кровови, но и за фасади”, рече Герасимовски.

Видео: https://www.facebook.com/gerasimovskig/videos/1089982589133393

Општина Центар

____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан