Продолжуваат активностите за заштита од топлотниот бран во Делчево
- Волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Делчево денес продолжија со делење на вода и едукативни флаери за справување со високите температури, како дел од мерките за заштита на населението за време на топлотниот бран.
Делчево, 14 август 2025 – Волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Делчево денес продолжија со делење на вода и едукативни флаери за справување со високите температури, како дел од мерките за заштита на населението за време на топлотниот бран.
Од Црвениот крст потсетуваат дека во вакви услови треба да се избегнуваат физички активности во најтоплиот дел од денот.
-Препорачливо е се носи лесна и светла облека, да се престојува во ладни и климатизирани простории, да се пие многу течности дури и кога не се чувствува жед, како и да се избегнува масна и тешка храна, апелираа од Црвен Крст Делчево.

Граѓаните исто така се советуваат да се заштитат од директно сонце, да се тушираат почесто со поладна вода, да не оставаат луѓе или животни во затворени возила и да обратат посебно внимание на хронично болни и постари лица.
Во случај на појава на вртоглавица, слабост или грчеви препорачаа веднаш да се побара медицинска помош, а во итни ситуации да се јават на броевите 194 или 112. вс/аа/
Фото: МИА