• понеделник, 13 мај 2024

Гевгелиската библиотека се приклучи кон иницијативата „Полска на полица“

Гевгелиската библиотека се приклучи кон иницијативата „Полска на полица“

Гевгелија, 21 март 2024 (МИА) - Библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија се приклучи кон иницијативата „Полска на полица“ на амбасадорот на Полска во нашата земја, Кшиштоф Гжелчик и неговата сопруга, Јоланта.

Како што информираа од Библиотеката, Амбасадата на Полска донирала 50 наслови од полски автори, каде се вклучени класици, но и дела од современи автори, а покрај книги за возрасни, застапени се и изданија за помлади читатели и деца, меѓу кои и книгата „Мечето Ушко“ (Miś Uszatek) со еден од најпознатите ликови меѓу децата од Полска и пошироко.

Директорот на библиотеката, Стефан Марковски, му подарил на амбасадорот по еден примерок од неколку изданија, меѓу кои и монографијата „Гевгелија-130 години град“ и збирките поезија „Метрички карван“ во издание на библиотеката.

Во оваа иницијатива на полската амбасада учествуваат и библиотеки од Скопје, Охрид, Тетово, Битола и Штип. рт/мч/

Фото: Библиотека Гевгелија

Остани поврзан