• четврток, 16 мај 2024

Гвардиола за календарот во Премиер лигата: Ние имаме три, а Реал девет дена да се подготви за нашиот дуел

Гвардиола за календарот во Премиер лигата: Ние имаме три, а Реал девет дена да се подготви за нашиот дуел

Лондон, 31 март 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се пожали на натпреварувачкиот календар во Премиер лигата, пред настапот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

- Играме со Астон Вила во 21:15 часот на 3 април, потоа во 13:30 часот против Кристал Палас во сабота на 6 април. Во 13:30 часот! После тоа ќе одиме во Мадрид во вторник. Реал Мадрид има девет дена да се подготви, девет дена! Би сакал барем уште еден ден за подготовка за тој дуел, бидејќи разликата е многу голема, се пожали Гвардиола на британските медиуми.

Манчестер Сити на 9 април гостува кај Реал Мадрид. Реваншот ќе се одигра во Англија на 17 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан