Ноер може да се врати во германската репрезентација поради ситуацијата со Тер Штеген во Барселона
- Голманот на Баерн, Мануел Ноер, може да се врати во германската репрезентација, објави „Билд“.
Берлин, 31 јули 2025 (МИА) - Голманот на Баерн, Мануел Ноер, може да се врати во германската репрезентација, објави „Билд“.
Според германскиот весник, оваа одлука е поврзана со ситуацијата со голманот Марк-Андре тер Штеген во Барселона. Каталонскиот тим е незадоволен од главниот голман на германската репрезентација, покрај тоа, Тер Штеген ќе отсуствува околу 3-4 месеци поради закрепнување од повреда.
Самиот Ноер не е против враќање во германската репрезентација. Триесет и деветгодишниот голман го објави своето заминување од репрезентацијата во август 2024 година.
Голманот е подготвен да се врати доколку селекторот Јулијан Нагелсман го побара тоа. зс/
Фото: ЕПА