• петок, 05 декември 2025

Пораз од Германија на македонските кадетки на ЕП

Пораз од Германија на македонските кадетки на ЕП

Подгорица, 30.јули 2025 (МИА) - Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија (ракометарки до 17 години) со пораз го стартуваше настапот на Европското првенство во Црна Гора. Во првиот натпревар Македонија вечерва загуби од Германија со 31:18 (18:8).

Германија имаше добар почеток со водство од 4:0, а Македонија изедначи на 4:4 што беше и единственото израмнување на резултатот. Противникот брзо дојде до двоцифрена предност 17:6 што беше и највисокото водство во првиот дел. Во второто полувреме Германија стигна и до +16 (29:13), а македонските ракометарки докрајот само го ублажија високиот пораз.

На вториот дуел од групата Словачка ја совлада Португалија со 31:26.

Утре Македонија од 14:30 часот во второто коло ќе игра против Словачка.   мн/

Фото: Фејсбук Ракометна федерација на Македонија

Остани поврзан