• петок, 05 декември 2025

Манчестер јунајтед убедливо го совлада Борнмут

Манчестер јунајтед убедливо го совлада Борнмут

Чикаго, 31 јули 2025 (МИА) - Манчестер јунајтед ноќеска го победи Борнмут во натпреварот од Летната серија на Премиер лигата со 4:1. Натпреварот се одигра на „Солдер Филд“ во Чикаго.

Патрик Доргу, Итан Вилијамс, Расмуом Хајлунд и Амад Дијало ги постигнаа головите за победничката екипа. 

Во 88. минута, дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Матијс де Лихт, ја погоди сопствената мрежа и не му дозволи на голманот Том Хитон да ја зачува мрежата „чиста“.

Со шест бода, Манчестер јунајтед е лидер на табелата, Борнмут е на третото место со три бода.

На 3 август, Манчестер јунајтед ќе игра против Евертон во рамките на овој претсезонски турнир, а Борнмут ќе се сретне со Вест Хем. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан