• четврток, 25 јули 2024

Гвардиола: Грилиш повторно има проблеми со препоните

Гвардиола: Грилиш повторно има проблеми со препоните

Манчестер, 28 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, информира дека играчот од средниот ред Џек Грилиш, доживеал повторна повредата на препоните.

Дваесет и осумгодишниот Англичанец се повреди синоќа на натпреварот против Лутон (6:2) во осминафиналето на ФА Купот. Тој беше заменет во 38. минута.

- Грилиш се пожали на болка во препоните. Пред тоа се чувствуваше добро, но за жал повредата му се повтори. Ова е тешка сезона за него. Мора целосно да закрепне пред да се врати на теренот, изјави Гвардиола.

Во тековната сезона Грилиш има три гола и две асистенции на 27 натпревари во сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан