• четврток, 04 декември 2025

Борусија Дортмунд официјално го објави трансферот на Џоб Белингам

Борусија Дортмунд официјално го објави трансферот на Џоб Белингам

Дортмунд, 10 јуни 2025 (МИА) - Англискиот играч од средниот ред, Џоб Белингам (19) потпиша петгодишен договор со Борусија Дортмунд, официјално објави германскиот клуб.

Договорот на помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид и поранешен играч на Борусија, Џуд Белингам, ќе биде до јуни 2030 година. Англискиот репрезентативец до 21 година пристигнува од Сандерленд, кој обезбеди промоција во Премиер лигата.

Белингам ќе патува со Борусија Дортмунд во САД, каде што ќе учествува на натпреварите од Светското клупско првенство и ќе го носи дресот со број 77 за време на првенството.

-Многу сум среќен што сум играч на Борусија Дортмунд и што ќе се борам за титули со овој голем клуб. Сакам да придонесам за освојување титули со одличните навивачи тука и ќе работам на мојот развој и со тимот секој ден. Многу сум среќен што ќе го носам „црно-жолтиот“ дрес на Светското клупско првенство, изјави Џоб Белингам, цитиран од веб-страницата на клубот. дс

Фото: Принтскрин/Борусија Дортмунд

 

Остани поврзан