• понеделник, 15 јули 2024

Вучиќ тврди: Рудник за литиум кај Лозница најрано за четири години, ако ЕУ гарантира заштита на животната средина

Вучиќ тврди: Рудник за литиум кај Лозница најрано за четири години, ако ЕУ гарантира заштита на животната средина

Белград, 15 јули 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека подземен рудник за литиум кај Лозница може да биде отворен најрано за четири години, но со гаранции од ЕУ дека животната средина ќе се зачува, јави Бета.

„Веруваме дека рудникот не би загрозил никого и ништо, но прво да добиеме гаранции од Европа дека животната средина и животот на обичните граѓани во Србија ќе се зачува, но и ќе се подобри со парите што можат да се заработат... Ако успееме, тогаш дефинитивно ќе одиме на тоа, а ако не успееме, тогаш нема“, изјави Вучиќ во Белград.

Тој додаде дека за отворање на рудник за литиум „се преговара со најмоќните влади“. зш/

Остани поврзан