Вработените во штипските градинки имаа обука за давање на прва помош
- Општинската организација (ОО) на Црвен крст почна со обуки и предавања како на повредени лица да им се даде прва помош. Обуките денеска стратуваа за вработените во штипската детска градинка „Вера Циривири Трена“. Директорката на градинката „Вера Циривири Трена, Ивана Ангеличкова денеска изјави дека целта на обуката е вработените да научат како да реагираат во дадена ситуација, бидејќи секојдневно се соочуваат со разни ситуации во кои се вклучени пред сѐ децата.

Штип, 7 април 2025 (МИА) - Општинската организација (ОО) на Црвен крст почна со обуки и предавања како на повредени лица да им се даде прва помош. Обуките денеска стратуваа за вработените во штипската детска градинка „Вера Циривири Трена“. Директорката на градинката „Вера Циривири Трена, Ивана Ангеличкова денеска изјави дека целта на обуката е вработените да научат како да реагираат во дадена ситуација, бидејќи секојдневно се соочуваат со разни ситуации во кои се вклучени пред сѐ децата.
-Вработените од градинката „Вера Циривири Трена“ добиваат посоодветни примери, предавања, како да постапат при одредени ситуации, земјаќи го предвид фактот дека во детските градинки се згрижуваат дечиња од осум месеци до шест години. Секојдневно во текот на нашето работење, вработените честопати се соочуваат со некои предизвици, немили настани и затоа го искористивме денот, вели Ангеличкова.
Секретарот на ОО Црвен Крст Штип, Деспина Димитрова најави дека наредниот период обуки за прва помош ќе се спроведат и во основните и средни училишта во Штип.
-Честопати вработените во градинките се соочуваат со разни ситуации во кои мора да укажат помош на дечињата кои се здобиле со одреден вид на повреди, скршеници и рани. Присутните имаа можност да стекнат основни знаења за првата помош, рече Димитрова.
За вработените во штипските градинки ќе се спроведат и низа предавања со претставници од СВР Штип во делот на безбедноста, а потоа се планирани и активности со ТППЕ- Штип. вдј/
Фото: МИА