• четврток, 11 април 2024

Во Штип над 470 ученици ќе полагаат државна матура

Во Штип над 470 ученици ќе полагаат државна матура

Штип, 27 февруари 2024 (МИА) - Во четирите oпштински средни училишта во Штип за полагање на државна матура се пријавени 475 ученика, 104 ученици ќе полагаат завршен испит и тројца ќе полагаат училишна матура, информираше денеска за МИА, раководителката на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева.

Таа посочува дека со полагањето на државната матурa се следи квалитетот во средното образование и на еден начин се прави и селекција на учениците за понатамишниот образовен процес.

-Во гимназијата се пријавиле 144 ученици кои ќе полагаат државна матура, а само тројца се пријавени за училишна матура. Во СОУ „Коле Нехтенин“ имаме пријавено 118 ученика кои ќе полагаат државна матура, 42 ученика кои имаат завршено трет степен образование, и 31 ученик со завршен испит. Во средното медицинско училиште се пријавиле 207 ученика за државна матура и 15 за завршен испит и во средното текстилно училиште се пријавиле вкупно шест ученика за државна матура и 16 за завршен испит, вели Санева.

Посочи дека од 1 април до 15 мај средношколците треба да работат и на проектна задача, а полагањето државна матура започнува на први јули.

-Најпрво се пријавуваат проектните задачи. Полагањето ќе започне од 1 април и ќе трае до 15 мај. На 1 јули ќе се полага државна матура, македонски јазик, а на 8 јули се полага вториот задолжителен но изборен предмет, математика или некој странски јазик, вели  Санева. вдј/цр

Фото: МИА 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан