• вторник, 14 мај 2024

Во штипски ,,Безистен" отворена изложбата на Друштвото на ликовни уметници

Во штипски ,,Безистен
Штип, 7 септември 2022 (МИА) - Друштвото на ликовни уметници во Штип со своја годишна изложба во штипскиот Безистен. Петнаесетина уметници, членови на Друштвото, традиционално како и секоја година учествуваа во изложбата, а годинава по 53. пат. Разликата е во тоа што оваа година датумот е поместен со цел изложбата да се реализира во чест на Денот на независноста. -Редовно секоја година изложуваме своја годишна изложба. Доста од претходните членови си го завршија својот творечки животен век во Друштвото, кое постои веќе преку 50 години и прилично придонесе во ликовниот живот на градот, вели Петре Колев, ликовен педагог, секретар на Друштвото. И оваа година годишната изложба се одржува во Уметничката галерија Безистен со помош на НУ Завод и Музеј Штип. Според директорот, Митко Штерјов, реализацијата на изложбата е со цел промоција на штипските ликовни уметници, а дополнително придонесува и за нова уметност и нови уметници во градот. Проектот е со поддршка од Министерството за култура. Изјава 4510 од 00:34 (националната) до 01:29 (здружение), Митко Штерјов, директор на НУ Завод и Музеј Штип-НУ Завод и Музеј Штип заедно со поддршка од Министерството за култура продолжуваме со поддршката на ДЛУШ. Последните низа години Националната установа успева да направи еден проект со кој овозможуваме сите уметници од Штип да се претстават со своите ликовни достигнувања, така што и оваа година успеавме во тоа. Тоа е еден спој на помладите и повозрасните уметници, вели Штерјов. НУ Завод и Музеј Штип со соодветна програма ќе го одбележи и Денот на независноста. Утре ќе има отворен ден со бесплатен влез, а музички активности ќе има и следните два дена, односно на 9 и 10 септември. Учесниците во музичките активности се од десет земји, меѓу кои има уметници од Полска, Англија, Шпанија и други земји. Националната установа упати покана до сите љубители на класичната музика да ја посетат Уметничката галерија Безистен. вдј/ир

Остани поврзан