• понеделник, 20 мај 2024

Во тек е аплицирањето за избор на следната генерација на Ротари мировни соработници

Во тек е аплицирањето за избор на следната генерација на Ротари мировни соработници

Скопје, 14 март 2023 (МИА) - Почна процесот на апликација за избор на следната генерација на Ротари мировни соработници, кои ќе студираат во Ротари глобалните мировни центри следната година.

Информациите во врска со условите за аплицирање на достапните мастер и сертифицирани стипендирани програми, како и потребните компетенции кои треба да ги поседуваат апликантите, се достапни на фицијалната интернет страна на „Ротари мировната стипендија“. За реализација на директниот процес на апликација, потенцијалните кандидати можат да го посетат линкот, со цел навремено да ја поднесат својата апликација.

Програмата на Ротари мировните центри е насочена кон поттикнување на позитивна визија за одржлив мир, градење на мир и спречување или решавање на пројавени конфликти, ширум светот. Севкупно, програмата се реализира во соработка со водечки универзитети (Универзитет Дјук; Универзитет во Северна Каролина-Чапел Хил, САД; Меѓународен христијански универзитет, Јапонија; Универзитетот во Бредфорд, Англија; Универзитетот во Квинсленд, Австралија; Универзитет Упсала, Шведска), за едукација, поддршка и зајакнување на капацитетите на идните градетели на мирот.

-Досегашните статистички прегледи покажуваат дека повеќе од 1600 алумни на оваа програма работат во проблематики поврзани со мир и градење на мир во повеќе од 140 земји, во глобални рамки. Програмата креира идни лидери во области на образование и истражување, владин и невладин сектор, мултилатерални организации по примерот на Обединети нации и Светска банка, организации кои поттикнуваат спроведување на закони, медиумска афирмација при градење на мир и слично. За дополнителни информации, заинтересираните кандидати можат да се обратат во локалниот Ротари Клуб во Република Северна Македонија или на следната е-маил контакт адреса rotarypeaced1912@rotarymacedonia.mk како и на официјалниот е-маил на програмата: rotarypeacecenters@rotary.org, појаснуваат во соопштението.

Рокот за аплицирање од страна на кандидатите завршува заклучно со 15-ти мај оваа година. Успешните апликации продолжуваат на интервју во реализација од страна на овластен ротари доверител, кој ја поднесува својата одлука најдоцна до 1-ви јули.бт/са/

Остани поврзан