• сабота, 18 мај 2024

Во Советот на Град Скопје советници од шест партии и една независна листа

Во Советот на Град Скопје советници од шест партии и една независна листа
Скопје, 24 октомври 2021 (МИА) - Вкупно шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје, според резултатите објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија за Локалните избори 2021. Најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ - 18, потоа следуваат СДСМ - 12, ДУИ - 5, Левица - 4, АА/А - 2, ЛДП/ДОМ - 2 и Зелен хуман град - 2 советнички места. Советот брои 45 места, а за мнозинство се потребни 23 советнички места. Вкупно гласале 229.725 избирачи, од кои 217.706 се важечки и 12.019 се неважечки гласачки ливчиња. аа/лв/

Остани поврзан