• среда, 19 февруари 2025

Во Собранието презентирана веб-апликацијата „Регистар на организации“

Во Собранието презентирана веб-апликацијата „Регистар на организации“

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Веб-апликацијата „Регистар на организации“ - алатка која има за цел да ја дигитализира работата на собраниските служби во делот на соработка со организациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, денеска беше презентирана пред надлежните во Собранието, претседателот на Собранието, Талат Џафери, генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова и заменик-генералниот секретар Бојан Василевски.

Како што информираат од собраниската прес-служба, апликацијата беше подготвена во рамките на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која е поддржанa од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија. ПСП се спроведува од Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП).

На презентацијата присуствуваа претставници од Националниот демократски институт (НДИ), претставници од Швајцарска амбасада, Ассеко, работната група од службата на Собранието и службеници од службата на Собранието. вј/нд/

Фото: Собрание

Остани поврзан