Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во земјава ќе го посетат Собранието
- Во посета на Собранието денеска ќе престојува Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во Република Северна Македонија.

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Во посета на Собранието денеска ќе престојува Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во Република Северна Македонија.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Асоцијацијата ќе оствари средба со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
На настанот ќе се обратат Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност и доајен на Асоцијацијата на одбранбени атешеа.
Исто така, во рамки на настанот е планирано да се одржи и отворена дискусија. фф/мд/
Фото: МИА Архива