Потпишување договор за донација на уреди за прочистување на воздухот во вредност од милион евра
- Договор за донација на 305 уреди за прочистување на воздухот во вредност од еден милион евра ќе биде потпишан денеска во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија со компанијата ЕКОТИП Македонија.

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Договор за донација на 305 уреди за прочистување на воздухот во вредност од еден милион евра ќе биде потпишан денеска во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија со компанијата ЕКОТИП Македонија.
Како што соопштија од владината прес-служба, по потпишување на договорот, прес-конференција во Медија центарот на Владата ќе одржи портпаролката Марија Митева.
Компанијата ЕКОТИП Македонија е лидер во областа на филтрација на воздухот, која во соработка со MANN+HUMMEL, обезбеди значајна донација од напредни системи од овој реномиран германски производител за прочистување на воздухот во вредност од милион евра.
Се планира овие уреди да бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење, стои во соопштението. вг/мд/
Фото: МИА Архива