• петок, 26 април 2024

Во СВР Тетово годинава 40 лица пријавиле напади од бездомни кучиња

Во СВР Тетово годинава 40 лица пријавиле напади од бездомни кучиња

Тетово, 20 март 2023 (МИА) -  Од 1 јануари до денес во СВР Тетово има 40 пријави на граѓани кои побарале да се евидентира дека биле повредени поради напади од бездомни кучиња.

Откако Општина Тетово оформи правилник со цел да се спогоди за штета со граѓаните доколку бидат повредени од каснување од куче скитник, се повеќе стигнуваат барања за обештетување.

-Досега поднесени се 32 барања за надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња. Комплетно разгледани се шест барања, од кои  три се основани односно истите се одобрени. За останатите три, Комисијата бара да се дополнат за повторно разгледување, информираше Милена Вучевска, портпарол на Општината, додавајќи дека поените и висината на оштетата се интерни информации.

Од друга страна, во меѓувреме овој правилник пред Уставен суд го оспори тетовски адвокат. Тој оспорува што има нееднакви критериумите за утврдување на висината на надоместокот на штета предизвикана од куче бездомник. ас/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан