• петок, 17 мај 2024

Во Општина Центар издадени 68 правосилни одобренија за градење со барања поднесени од 1 јануари 2021

Во Општина Центар издадени 68 правосилни одобренија за градење со барања поднесени од 1 јануари 2021
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - На територија на Општина Центар издадени се вкупно 68 одобренија за градење на територија на општината, кои се однесуваат на барања поднесени од 1 јануари 2021 година. -Од доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски на позицијата, односно од 4.11.2021 заклучно со денес (15.11.2022), издадени се 35 правосилни одобренија за градење. Се работи за управни постапки кои ја имаат поминато целата процедура за издавање правосилно одобрение за градење и до општината ја имаат доставено целосната потребна документација, информираат од Општина Центар. Оттаму посочуваат дека овие полугодишни извештаи кои општината ќе ги објавува се уште еден чекор напред кон целосно воспоставување на целосно транспарентни и отчетни институции. -Оваа нова востановена практика на Општина Центар е позитивен пример и за останатите општини, не само во Скопје, туку и во целата држава, за тоа како да се подигне нивото на транспарентност во самите институции, велат од општината. дма/лв/

Остани поврзан