• понеделник, 13 мај 2024

Во Општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на Унгарците

Во Општина Кисела Вода одбележан Националниот ден на Унгарците

Скопје, 17 март 2024 (МИА) - Со манифестација во Домот на култура во Драчево денеска беше одбележан Националниот ден на Унгарците - 15 Март, во присуство на унгарскиот амбасадор во државава  Андраш Клајн, претставници на Здружението на Унгарците „Теледом“ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Во знак на благодарност за соработката на градоначалникот Ѓорѓиевски му беше додела плакета „Пријател на Теледом“ од Здружението на Унгарците.

- Со длабока почит, заедно со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн, го одбележавме нивниот национален ден. Со пригодна свеченост и поклон пред спомен плочата на Шандор Петефи, кој е една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година уште еднаш покажавме колку е силно пријателството помеѓу Кисела Вода и Република Унгарија. Блискоста помеѓу нашите два народи се огледува преку споделувањето на значајните моменти - оние кои ни се важни и означуваат нешто големо за нас, за нашата заедница, за нашата нација, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, пренесува општинската прес-служба.

Како што посочи Ѓорѓиевски, соработката ќе продолжи преку реализација на уште повеќе проекти.

По повод 15 Март и годинава во основните училишта беше распишан литературен на тема „Животот и делото на Шандор Петефи, поетот на револуцијата во 1848-1849 година“ и „Историјата на унгарската света круна“, како и ликовен конкурс: „Унгарија на слика како јас ја замислувам“. На денешниот настан беа доделени благодарници на учениците кои победија на овој конкурс и за кои Амбасадата на Република Унгарија во Северна Македонија обезбеди награди.лв/aa/

фото:Општина Кисела Вода 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан