• сабота, 11 мај 2024

Во Кавадарци одбележани 152 години од раѓањето на Гоце Делчев 

Во Кавадарци одбележани 152 години од раѓањето на Гоце Делчев 

Кавадарци, 4 февруари 2024 (МИА) - Во Кавадарци денеска беа одбележани 152 години од раѓањето на Гоце Делчев. Бројни делегации положија цвеќе пред бистата во дворот на основното општинско училиште што го носи неговото име, а ученици испеаја песна во чест на револуционерот.  

- На 4 мај 1903 година, во нерамна борба со турската војска и полиција загина апостолот на македонското револуционерно народноослободително движење. Еден од најзначајните личности од поновата историја на македонскиот народ. Гоце беше роден во Кукуш на 4 февруари 1872 година. По професија бил учител. Делчев е значаен и за развојот на револуционерното движење во Тиквешијата, на два пати престојува во овој крај. Во септември 1901 година, значително ја консолидира работата на револуционерната организација во целиот Тиквешки револуционерен реон и по втор пат доаѓа во октомври 1902 година. Гоце Делчев бил човек кој велел -   ,,Мојата мајка е земјата македонска. Род и роднина ми е зговорна дружина. Жената ми е пушката малихерка, а децата ми се дробните фишеци", потсетија од Музеј галеријата во Кавадарци. свд/дма/

 

Фото : МИА

Остани поврзан