• понеделник, 04 ноември 2024

Во израелски напад во Појасот Газа загинаа 55 лица

Во израелски напад во Појасот Газа загинаа 55 лица

Газа, 29 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 55 Палестинци се убиени денеска во израелски напад врз станбена зграда во градот Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинската државна служба за вонредни ситуации.

Меѓу загинатите има многу жени и деца, јавија палестинските медиуми врз основа на информации од здравствените работници.

Палестинската управа за вонредни ситуации вчера соопшти дека околу 100.000 луѓе се блокирани во Беит Лахија, Беит Ханун и бегалскиот камп Џабалија без медицински и прехранбени резерви, откако израелски тенкови навлегле длабоко во овие населби во северниот дел на Газа.

Војната во Појасот Газа избувна на 7 октомври минатата година, кога борците на Хамас извршија невиден и крвав напад на израелска територија. Според Израел, повеќе од 1.200 луѓе биле убиени, а околу 250 заложници биле одведени во енклавата. Жртвите на одмаздничката израелска офанзива веќе надминуваат 43.000 луѓе, според информациите на Министерството за здравство во Појасот Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан