• петок, 22 ноември 2024

Во експлозија во Пакистан загинаа шест лица, меѓу кои и деца

Во експлозија во Пакистан загинаа шест лица, меѓу кои и деца

Исламабад, 1 ноември 2024 (МИА) - Најмалку четворица ученици и уште две лица загинаа при експлозија на бомба поставена покрај пат, која беше насочена кон полициско возило во нестабилната југозападна пакистанска провинција Балучистан, соопштија денеска официјални лица, јавува ДПА.

Нападот се случил во градот Мастунг, близу провинцискиот главен град Кета, рано утрово, додека училишни комбиња превезувале деца на настава, изјави за ДПА локалниот полициски претставник Али Ахмед.

Најмалку 16 лица, од кои повеќето деца, се ранети од бомбата, која била поставена на моторцикл паркиран во близина на училиште за девојчиња, рече Ахмед.

Главната цел била полициското возило, но експлозијата погодила и училишен превоз, изјави портпаролот на провинциската влада, Шахид Ринд.

Меѓу загинатите се и еден полициски службеник и еден цивил, додаде Ахмед.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф го осуди нападот и нареди апсење на терористите што стојат зад него, соопшти неговиот кабинет.

Мастунг, мирен планински град во близина на Кета, е познат како центар за милитантите од различни сунитски групи, вклучувајќи ги терористичката Исламска држава и пакистанските талибанци.

Балучистан, најголемата, но најнестабилната провинција во Пакистан, се граничи со Авганистан и Иран. Во последните месеци, таму се забележува пораст на насилства од страна на исламистички бунтовници и локални сепаратисти.

Голем дел од насилствата се поврзуваат со зголеменото економско влијание на Кина, политичкиот сојузник на Исламабад, која во регионот гради длабоководно пристаниште за да ја поврзе својата провинција Ксинџијанг со Арапското Море преку Пакистан. ссм/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан