• петок, 26 април 2024

Во Европската куќа Крива Паланка одржана панел дискусија за положбата на жените во општеството

Во Европската куќа Крива Паланка одржана панел дискусија за положбата на жените во општеството
Крива Паланка, 9 март 2023 (МИА) - Положбата на жената во општеството, родовата еднаквост и рамноправност беа тема на дискусијата во организација на Европската куќа Крива Паланка што ја водеа успешни жени-лидери од Североисточниот регион.
 
-Меѓународниот ден на жената беше поттик да рефлектираме на  положбата на жените во нашето општество, родовата еднаквост и рамноправност и слушнеме успешни примери на наши сограѓанки кои се двигатели на општеството и неговите промени.Во разговор  со успешни лидерки, новинарки, писателки, претприемачки, активистки, докторки и студентки, младите слушнаа за успесите, предизвиците, дискриминацијата и сите „сопатници" на кои наидува жената по патот на наоѓање баланс помеѓу  професионалното, семејното и општественото остварување, информира Благородна Пешевски од Европската куќа Крива Паланка.
 
Посочи дека 8 Март треба да е потсетник дека рамноправноста бара и еднаквост во општеството, како и секојдневна борба за родовата еднаквост.
 
По дискусијата, во Европската куќа Крива Паланка се одржа и проекција на документарен филм во организација на Амбасада на Република Италија во Северна Македонија, а присуствуваше и Амбасадорот на Италија, Андреа Силвестер. Станува збор за филмот „Кордон“, влијателен документарец кој апелира да се подигне свеста за важноста на ненасилната социјална помош.
Филмот ја раскажува приказната за 5 „обични“ жени кои прават извонредни работи за да им помогнат и да им дадат надеж на украинските бегалци, обединети низ безвременската железничка станица на унгарската граница со Украина.
 
„Кордон“ праќа апел до меѓународната публика да не стои настрана и да им помогне на овие жени да не ја продолжат својата работа сами. Целта е овој документарен филм да стане инспирација, мегафон и алатка за поврзување заеднички сили кои ќе резултираат со промени.ид/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан