• недела, 21 јули 2024

Во Дебар 34 ученици Роми добија училишни ранци и прибор

Во Дебар 34 ученици Роми добија училишни ранци и прибор

Дебар, 21 септември 2023 (МИА) - Општина Дебар ја започна имплементацијата на активноста „Целосно образование за деца Роми од второ до четврто  одделение", со посетата на градоначалникот Хекуран Дука на двете основни училишта во градот и доделувањето училишни ранци и прибор на 34 ученици Роми.

- Целта е да се унапреди квалитетот на образованието за децата Роми во основно образование, кои беа дел од наставата од далечина за време на пандемијата со Ковид -19 и се соочија со различни предизвици, од кои произлегоа значителни последици во однос на намалување на квалитетот на образование за учениците Роми, рече градоначалникот Дука.

Во таа насока, додаде дека за новата учебна година 2023/2024 општината има обезбедено училиштен прибор и ранци за учениците Роми од OОУ „Саид Најдени” и ОOУ „Пенестиа”, кои се опфатени со оваа активност.

Драги ученици и вам и на вашите најблиски ви посакувам многу здравје, среќа и радост а вам секако многу успех во светот на науката. Следете го примерот на вашите повозрасни сонародници кои денес се школуваат или веќе се здобиле со звање лекари, медицински сестри, економисти, инженери, просветни работници, посака Дука.

Директорите, на училиштето „Пенестиа" Ајет Мулареџа и на „Саид Најдени" Арсим Мифтари го запознаа Дука со предизвиците со кои се соочуваат учениците и просветните работници во целина, како и видно подобрените услови за одвивање на наставниот процес.

Оваа активност се имплементира со поддршка на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа РОМАКТЕД фаза - II. вт/цр

Фото:МИА

Остани поврзан