Митева: Над 900.000 евра тендери за агенцијата Рејтинг на Спасов, сега за стара цена СДС добиваат нови услуги
- Наместо грижа за сопствената катастрофа, СДС со наталожени лаги и измислици сакаат да ги манипулираат граѓаните преку скапо платениот ПР.
Скопје, 21 јули 2024
Почитувани,
Наместо грижа за сопствената катастрофа, СДС со наталожени лаги и измислици сакаат да ги манипулираат граѓаните преку скапо платениот ПР.
Додека ја уништуваа државата, на агенцијата Рејтинг, во сопственост на Никола Спасов во периодот додека СДС беше власт оваа агенција има добиено тендери во вкупна вредност од над 900.000 евра.
Имено, Во 2020-та, година од Град Скопје, Рејтинг на Спасов добила над 16.000 евра, но исто така и 4.500 евра од Општина Карпош. Во 2021-ва од Општина Охрид, добил 15.000 евра, сите тендери во период кога градоначалници се од редовите на СДС. Истата година, Рејтинг на Спасов добила 60.000 евра од Министерството за здравство, предводено од неговиот сегашен шеф, Венко Филипче. Понатаму, во истата година, во месец август Спасов, од Владата добил тендер вреден цели 300 илјади евра. Во 2022-рата година пак исто од Владата добил над 420.000 евра, за промоција на македонското вино во Белград. Истата година во декември, Спасов добил тендер од 50 илјади евра од Министерството за финансии и уште еден од 100.000 од Министерството за надворешни работи.
Во 2023-та година, Спасов пак стана сопственик на нова компанија за производство на електрична енергија „Гама Солар“, а да ја потсетиме јавноста дека само после три дена Регулаторна комисија за енергетика, со одлука одобри и лиценца за изградба на фотоцентрала, под име „Гама Солар1“.
Почитувани,
Заради ваквото бесрамно трошење на народните средства, немаше пари за граѓаните, немаше пари за земјоделците, немаше пари за стопанството. Додека агенцијата Рејтинг си измислуваше фестивали за дебели хонорари, народот тонеше во сиромаштија.
Па сосема логично е денес истата оваа агенција Рејтинг, која беше добро исплатена преку милионски тендери од власта, да мисли дека ќе и се оддолжи на СДС преку опозиција. Но, залудни се обидите преку низок ПР СДС да се надева дека ќе успее да го поткрене сопственото реноме.
Филипче мисли дека со креирани лаги ќе избега од одговори за сите катастрофи изминативе 7 години, но одговори и одговорност кора да има!
Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.